Пречек на Нова година на Градскиот плоштад првпат бил организиран во 1990 година, од редакцијата на некогашната ревија „Екран“. Таа година, „Екран“ го славел илјадитиот број, па идејата била да го сподели јубилејот со читателите. Градот им овозможил приклучок на струја, бина, контејнер за организаторите и за изведувачите, и сето тоа преку културно-просветната заедница на градот. Речиси сите забавни и народни пејачи што значеле нешто во тој момент на естрадата биле гости на прославата на новата 1990 година, освен оние малкумина што имале тезги во Австралија или во Америка. Во Скопје, пејачите настапувале на пречекот во неколкуте хотели или поголеми ресторани. Потоа организаторите ги зеле со автомобили, ги однеле на плоштадот да пеат и потоа ги вратиле назад. Никој не побарал хонорар за настапот на Градскиот плоштад

 

Скопјани ќе имаат можност да ја дочекаат и оваа Нова година на  Градскиот плоштад. Градските власти подготвуваат забава со познати македонски музички имиња. За убавата атмосфера ќе се погрижат: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, „Два бона“, „Куку леле“, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски и други.

Пречек на Нова година на Градскиот плоштад првпат бил организиран во 1990 година, од редакцијата на некогашната ревија „Екран“.

Таа година „Екран“ го славел илјадитиот број, па идејата била да го сподели јубилејот со читателите. Но, тогашниот претседател на Собранието (тогаш сè уште немало градоначалници) им рекол дека е убава идејата, ама дека народот има поинаков менталитет и дека повеќе сака да ја слави Нова година во домашна атмосфера, а не да се собира на плоштади.

Сепак, од „Екран“ инсистирале да организираат, а Градот им овозможел приклучок на струја, бина, контејнер за организаторите и за изведувачите и сето тоа преку културно-просветната заедница на градот.

Речиси сите забавни и народни пејачи што значеле нешто во тој момент на естрадата биле гости на прославата на новата 1990 година, освен оние малкумина што имале тезги во Австралија или во Америка. Во Скопје, пејачите настапувале на пречекот во неколкуте хотели или поголеми ресторани. Потоа организаторите ги зеле со автомобили, ги однеле на плоштадот да пеат и потоа ги вратиле назад. Никој не побарал хонорар за настапот на Градскиот плоштад. Како увертира, на плоштадот, на коњи, продефилирале џокеите од коњичкиот клуб „Илинден“, а членовите на Извидничкиот сојуз на Македонија направиле логорски оган на кој се печеле костени. На полноќ се случил најавуваниот огномет. Огнометот го осветлил Скопје, а членовите на „Леб и сол“ им посакале на гостите среќна Нова година со „Чукни во дрво“, а потоа продолжиле во ритамот на „Скопје“.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ