Првата награда за „Ековита“ – Неготино, за зелена бизнис- идеја

16

Регионалното еколошко друштво „Ековита“ од Неготино го освои првото место за зелена бизнис-идеја, информираше Кристина Тодорова, претставник на овој екоцентар со седиште во Неготино, инаку дипломиран инженер агроном. Се работи за иновативни производи од печурки и за локални ресурси како грозје. Печуркарството е нешто на што работат овие екологисти повеќе од 20 години.

– На „Demo Day“ во Струга, во рамките на „Green Revolution of Youth“, ја освоивме првата награда, меѓу 20 учесници од Македонија и од Шпанија, кои ги претставија своите зелени бизнис-идеи. Ние добивме дополнителен ветер во грб да продолжиме уште посилно. Голема благодарност до „Business Impact Lab“ за менторската поддршка и за довербата. Веруваме во позелена иднина и ја градиме заедно, чекор по чекор. Активностите се кофинансирани од Европската Унија, преку програмата „Erasmus+“ – појасни Тодорова.

Таа додаде дека наградата е, всушност, менторска поддршка за изработка на бизнис-планот за иновативни производи.

Притоа, нагласи дека, покрај многубројните реализирани проекти, од кои многу меѓународни, ова е уште една потврда за квалитетот на нивната работа на полето на екологијата. 

 

ИЗДВОЕНИ