Првата група војници под 25 години е вратена од украинско заробеништво, објави денес руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се потврдува дека Русија, исто така, вратила сличен број воени заробеници во Украина, објави РИА Новости.
„Денес, првата група руски војници под 25 години е вратена од територијата контролирана од режимот во Киев. Тие се во Белорусија, каде што ја добиваат целата потребна помош“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.