Првата акција на „Орле“ во новата година го собра планинарското семејство

114

Беше реализирана традиционалната прва планинарска акција во Кавадарци во новата година, во организација на планинарско- спортскиот клуб „Орле“ од овој град.

Триесетина планинари и љубители на природата пешачеа околу 13 километри, до месноста викана Балвански Камен и се дружеа на имотот на искусниот долгогодишен планинар и поранешен претседател на клубот, Никола Минчоров, во месноста Овчка Река.

– Секоја Нова година ја започнуваме со оваа акција. Со добро расположение, дружење и љубов кон природата. Продолжуваме со планинарските активности во земјава и во странство, нешто што континуирано и успешно го правиме веќе седумдесетина години. Наша цел е што почесто и што подолго да се престојува во природа, затоа што природата и планинарењето позитивно влијаат врз здравјето – изјави Минчоров. 

Пред акцијата, му беше оддадена почит на долгогодишниот планинар Љубен Здравески, кој почина пред некое време, а долги години, како и другите членови на „Орле“, беше промотор на планинарството и на здравиот начин на живот.

 

ИЗДВОЕНИ