Прва земја на Балканот која ја забрани мрежата: Албанија го блокира ТикТок

107

Владата на Албанија донесе одлука за блокирање на кинеската платформа ТикТок, соопшти денеска албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу.

На завршната средба со родителите и учениците, министерот рече дека повеќе од 80 отсто од родителите бараат ограничување на социјалните мрежи, објави денеска City News of Albania (CNA).

„Во време кога технолошките предизвици се неизбежни, физичката и дигиталната безбедност се приоритет. За да ја зголемиме оваа безбедност, решивме да ја блокираме платформата TikTok. Исто така, ќе инсталираме паметни камери преку проектот „Паметен град“, кој ќе обезбеди поефективен надзор во училиштата и нивната околина“, рече Манастирлиу.

ИЗДВОЕНИ