Ултиматумите на американскиот претседател Доналд Трамп до Русија се погрешни и би можеле да ѝ наштетат повеќе на внатрешен план отколку што мисли, изјави денес заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
„Трамп ја игра играта на ултиматум со Русија: 50 дена или 10 дена. Тој треба да запомни две работи: Русија не е Израел, па дури ни Иран, и секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна“, рече Медведев, според Тасс.
Не меѓу Русија и Украина, туку со неговата земја. Не одете по патот на „поспаниот Џо“, рече Медведев.
Трамп денес во Единбург изјави дека Русија повеќе нема 50 дена да постигне договор со Украина, туку само 10 или 12 дена најмногу, по што ќе следат санкции врз Москва и нејзините трговски партнери.