Висок руски функционер, Константин Косачев, изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100-процентни царини не влијаат на ставот на Москва. „Тоа воопшто не влијае на нас“, рече заменик-претседателот на горниот дом на рускиот парламент.
„Ако тоа е сè што Трамп имаше да каже за Украина денес, тогаш целиот притисок испари“, додаде тој. Косачев тврди дека Европа сега „ќе мора да плаќа сè повеќе и повеќе“ затоа што „бесплатниот ручек за нив се покажа како стапица“. Тој, исто така, ги обвини САД дека се единствениот вистински корисник на новата политика, бидејќи американската воена индустрија има корист.
„Украина може да продолжи да се бори до последниот Украинец“, рече Косачев, заклучувајќи: „За 50 дена, ох, колку многу може да се промени – и на бојното поле и во расположението на носителите на одлуки во САД и НАТО“.
Tрамп и постави ултиматум на Русија: „Имате рок од 50 дена!“