Честопати наоѓаме помош таму каде што најмалку ја очекуваме. Овој пат, неверојатната сода бикарбона облече наметка и пристигна како суперхерој. Еве со што може да ни помогне овој прашок, кој можете да го купите во која било аптека.
Против убоди од инсекти
Содата бикарбона може да се нанесе на кожата во форма на паста направена од една лажичка сода бикарбона и топла вода, таа помага при убоди од инсекти и чешање веднаш.
За бактериски инфекции
Четвртина лажичка сода бикарбона се меша со два литри вода, пијалокот се пие секојдневно, и на овој начин ја намалуваме можноста за ширење бактерии.
Миење и плакнење на забите и устата
Едноставно нанесете сода бикарбона на вашата четка за заби и мијте ги забите, а потоа додадете една лажичка сода бикарбона во мала чаша вода и користете ја како природно средство за плакнење уста.
Против првут
Втријте сода бикарбона во скалпот, а потоа измијте ја косата со шампон.
Наместо дезодоранс, нанесете под пазувите
Содата бикарбона помага и во елиминирањето на непријатниот мирис под пазувите. Само треба малку да втриете на пазувите и да ја оставите.
Против болки во стомакот
Му помага на телото со намалување на вишокот киселина што предизвикува болки во стомакот. Растворете една лажичка сода бикарбона во чаша и испијте ја.
Пилинг за стапала
Додадете три лажици сода бикарбона во топла вода, потоа истријте ги стапалата со пемза, а потоа едноставно втријте ја во стапалата и исплакнете.