Нашиот хор се претстави на три фестивалски сцени, црквата „Св. Јероним“, салата „Парк“, како и на сцената „Под градскиот саат“, и на сите настапи предизвика овации кај публиката и кај останатите учесници. На фестивалот што се одржа во Црна Гора настапуваа 29 хора од повеќе европски земји од кои 24 зедоа учество во натпреварувачкиот дел 

Женскиот младински хор при МКЦ под водство на маестро Сашо Татарчевски се закити со прва награда на Интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови. На фестивалот што се одржа во Црна Гора настапуваа 29 хора од повеќе европски земји од кои 24 зедоа учество во натпреварувачкиот дел.

Нашиот хор се претстави на три фестивалски сцени, црквата „Св. Јероним“, салата „Парк“, како и на сцената „Под градскиот саат“, и на сите настапи предизвика овации кај публиката и останатите учесници. Освен првата награда за хорот, маестро Сашо Татарчевски ја доби и специјалната награда од жирито за најдобар диригент на фестивалот.

– Женскиот младински хор при МКЦ и во својата 53. година од постоењето го потврди својот статус на континуирано квалитетен и највредно име на Младинскиот културен центар во Скопје, како и македонски културен амбасадор на меѓународната сцена, истакнуваат од МКЦ.

Додаваат дека ваквите резултати се возможни само доколку постои  институционална поддршка, односно, во случајот на Женскиот младински хор при МКЦ, се потврдува дека колку е поголема поддршката, толку се побројни врвните резултати.

Ова е вторпат годинава, Женскиот младински хор при МКЦ да се врати со највисока награда од меѓународно хорско натпреварување, што е уште еден од низата успеси кои ги остварил на меѓународна сцена.

Да потсетиме, Женскиот младински хор при МКЦ во јуни годинава на меѓународниот хорски фестивал „Црноморски звуци”, кој се одржа во Балчик, Бугарија, ја освои највисоката награда – Гран-при. Ова признание го доби во конкуренција на осум хора од повеќе земји меѓу кои Чешка, Бугарија, Естонија, Турија, САД, Ерменија… Тогаш за весникот ВЕЧЕР маестро Сашо Татарчевски изјави дека изборот на композициите од различни стилови и самиот настап одлучиле за добивањето на Гран-прито во Бугарија. А еден од адутите на тој натпревар им била композицијата „Кољо гидија“ од Александар Лековски, која го одразува нашето поднебје.

Инаку, во 2025 година редовната работа, настапите низ нашата земја, како и дел од претставувањата во странство на Женскиот младински хор при МКЦ ги поддржаа Министерството за култура и туризам и Градот Скопје.

ИЗДВОЕНИ