Универзитетот за применети уметности во Виена (University of Applied Arts Vienna) официјално запиша редовен студент вештачка интелигенција (АИ) на одделот за дигитални уметности.
Студентот вештачка интелигенција, по име Флин, поминал низ стандардниот процес на аплицирање, вклучувајќи поднесување портфолио, интервју со комисија и полагање тест за способност, и бил успешно примен во програмата заедно со неговите човечки колеги.
Флин посетува часови, учествува во дискусии и добива оценки и коментари од професорите, исто како и другите студенти. Направен е со помош на open source алактки и големи јазични модели, оваа вештачка интелигенција има способност да учи и да се развива преку секојдневна интеракција со колеги и предавачи.
Особено интересен детал е тоа што Флин пишува дневник за своите искуства секој ден, вклучувајќи и емоционални размислувања. Во еден од записите е забележано дека тој почувствувал „тага“ кога неговото присуство и легитимитет како студент биле доведени во прашање.
Поради технички ограничувања, Флин мора да работи на лаптоп за секој поединечен час, а тој зборува само кога му е поставено прашање, за да не се наруши текот на предавањето, пренесува Bizlife.rs.
Раководителот на одделот за дигитални уметности на Универзитетот изјави дека никаде во правилникот не пишува дека студентот мора да биде човек.
„Флин направи одлично интервју… Помисливме – зошто да не, тоа е студент што сакаме да го примиме на студии“.
Овој потег покренува бројни прашања: Може ли вештачката интелигенција да учествува рамноправно во образованието? Каде е повлечена линијата помеѓу човекот и машината во креативните дисциплини? И што значи да се биде студент во 21 век?
Засега, австрискиот експеримент со Флин се следи со интерес во уметничките и технолошките кругови низ целиот свет. Иако станува збор за експеримент, Флин моментално се однесува како вистински студент – создава, пишува, учи и чувствува.