Прв потврден случај на хибридизација помеѓу волк и куче идентификуван во Грција

121

Грчката невладина организација за диви животни „Калисто“ објави дека првиот потврден случај на хибридизација на волк-куче е идентификуван во Грција благодарение на генетската анализа.

„Ова е првиот потврден генетски (случај) во Грција“, изјави биологот Калиста Емилија Јоакимидо, пренесува „Бета“.

Според генетската анализа, животното, чии примероци од ДНК беа откриени во близина на северниот град Солун, е 45 проценти волк и 55 проценти куче.

Случајот е откриен за време на анализата на 50 примероци од волк собрани во континентална Грција, рече Јоакимидо.

Организацијата „Калисто“ со седиште во Солун е вклучена во потрагата по волк кој нападна и повреди петгодишно српско девојче на 12 септември во близина на крајбрежното одморалиште Неос Мармарас на полуостровот Халкидики во северна Грција.

Калисто работи на проучување, заштита и управување со популациите и живеалиштата на големите месојади, како што се волците и мечките.

Популацијата на волци, вид заштитен со Бернската конвенција, постојано се зголемува во Грција, достигнувајќи 2.075 единки, според неодамнешната шестгодишна студија на Калисто. Оваа популација вклучува најмалку три чопора од најмалку 31 волк што живеат на планината Парнити во предградието на Атина.

Нападот врз девојчето во Халидики повторно ги разгоре повиците за ограничување на бројот на волци, а ловџиите и сточарите бараат право да ги убиваат.

ИЗДВОЕНИ