недела, февруари 1, 2026
Дома СВЕТ Прв лет од Европа до Ирак по 35 години: „Егеан ерлјанс “...

Прв лет од Европа до Ирак по 35 години: „Егеан ерлјанс “ планира два лета неделно помеѓу Атина и Багдад

66

Првиот патнички авион од Европа по 35 години, грчки авион, на авиокомпанијта „Егеан ерлјанс“ (Aegean Airlines), слета во Багдад, објави ирачкото Министерство за транспорт.

Оваа пресвртница го означува враќањето на Ирак „како безбеден и сигурен центар за воздухопловство по години предизвици“, се вели во соопштението.

Ирачката влада планира дополнително да „го развива секторот за цивилно воздухопловство, да биде поотворена кон светот и да го позиционира ирачкиот воздушен простор како мост за глобална поврзаност“.

“„Егеан ерлајнс“ првично планира два лета неделно помеѓу Атина и Багдад, објави новинската агенција DPA.

По 35 години, првиот европски авион слета на Меѓународниот аеродром во Багдад, што претставува голем чекор во враќањето на Ирак на европската авијациска мапа и зголемување на довербата во неговата воздушна безбедност и инфраструктура.

Оман Ер, исто така, има намера да понуди летови од Багдад до дестинации во Европа во иднина.

По инвазијата на соседен Кувајт во 1990 година, Советот за безбедност на ООН воведе економско ембарго и сеопфатни санкции врз Ирак. Ова доведе до речиси целосно прекинување на меѓународните летови до земјата.

 

ИЗДВОЕНИ