Аеродромот во Вилнус денес накратко ги прекина сите летови поради сомневања дека балони испратени од Белорусија повторно влегле во воздушниот простор на земјата.
Аеродромот беше затворен околу 17 часот по локално време, или околу 18 часот по централноевропско време, а беше повторно отворен еден час подоцна, објави „Ројтерс“.
Аеродромот се наоѓа на околу 30 километри од границата со Белорусија и е затворен повеќе од 10 пати од почетокот на октомври поради слични инциденти, последниот пат кога беше затворен на почетокот на декември.












