Во културниот центар „Јадро“ од 11 до 13 јули ќе се одржи првиот дел на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Фестивалот годинава ја одбележува својата десетгодишнина и првпат ќе се одвива во два дела, во јули и во октомври.

Во јулскиот дел во три дена, предвидени се десетина програмски содржини: промоции на неколку нови книги во едицијата „Магма“, три разговори во читачкиот клуб „Одрадек“ (првпат ќе бидат изведувани пред публика), два разговора во новиот разговорен формат „Помеѓу двајца“ (цел еден свет) и промоција на вториот сет, „Фамилија“, на психолошката игра со карти „Добро прашање“.

Програмата ќе се одвива секој ден, од петок до недела, од 19:00 до 22:00 часот.

На фестивалот, по намалени цени, ќе може да се купуваат книги од книгоиздателството „Темплум“, кое го организира фестивалот „Друга приказна“.

ИЗДВОЕНИ