Oпштина Аеродром ќе го добие првиот Центар за поддршка на ученици со попреченост во рамките на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, Марија Делетиќ, потпишаа договор за воспоставување на Центарот и обезбедување на стручни кадри за работа со учениците.
Центарот ќе почне со работа на почетокот на новата учебна година, а ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината според утврден распоред.
-Отворањето на овој Центар претставува голем чекор за унапредување на инклузивното образование и можност за еднаков пристап до соодветна поддршка за учениците со попреченост. Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја докажува својата посветеност за обезбедување оптимални услови за современ и инклузивен пристап во образованието и останува отворена за соработка со сите институции – соопштија од локалната самоуправа.