Првиот буџетски форум за 2026 година, Општина Центар ќе го одржи утре, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот.
Од Општина Центар велат дека овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи, со што ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот во општината.
Од Општината ги покануваат граѓаните со своите предлози, идеи и размислувања да се вклучат во дефинирањето на приоритетите што ќе придонесат за развој на локалната самоуправа.
На буџетскиот форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбани заедници, претставници на невладиниот сектор, и сите жители што сакаат да учествуваат во планирање на општинскиот буџет.
Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесување на клучните одлуки, со цел да се обезбеди транспарентност и отчетност, но и за да се задоволат реалните потреби на заедницата.












