Американскиот секретар за војна, Пит Хегсет, привлече внимание на социјалните мрежи поради вратоврската во боите на руското знаме што ја носеше на средбата меѓу претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп.
Хегсет се појави на средбата во вратоврска во боите на руското знаме – бела, сина и црвена и со марамче во боите на американското знаме, а комбинацијата на овие бои, кои ги симболизираат знамињата на двете држави, предизвика бројни коментари во медиумите и на социјалните мрежи, според американските медиуми.
Средбата меѓу претседателите на Украина и САД започна со кратко обраќање до новинарите, по што двајцата лидери ги продолжија разговорите зад затворени врати, кои траеја два часа.
Хегсет, кој е на чело на Пентагон од почетокот на мандатот на Трамп, не коментираше за симболиката на неговата модна комбинација, но корисниците на социјалните мрежи коментираа дека контрастот помеѓу вратоврската и марамчето изгледа „намерно нагласен“ во време кога американската администрација се обидува да балансира помеѓу притисокот од Киев за испорака на американски ракети „Томахавк“ во Украина и одржувањето дипломатски канали со официјална Москва.
🚨⚡️U.S. Defense Secretary Pete Hegseth attended last night’s meeting between Trump and Zelensky wearing a tie in the colors of the Russian flag 🇷🇺.
The scene drew wide attention on social media and went viral among both Americans and Russians. pic.twitter.com/K3GTdvJGUf
— RussiaNews 🇷🇺 (@mog_russEN) October 18, 2025