петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Противпожарна станица за Битола, со поддршка од САД

Противпожарна станица за Битола, со поддршка од САД

103

Битола ќе добие нова, современа противпожарна станица благодарение на обезбедената донација од 1,093,017 долари, обезбедена преку Инженериската команда на морнаричките сили на САД (NAVFAC).

– Станува збор за проект од огромно значење за безбедноста на нашите граѓани и за подобрување на условите за работа на нашите пожарникари – најави градоначалникот на Општина Битола,Тони Коњановски.

Тој заедно со секретарот на Општина Битола – Борче Димитровски, претседателот на Советот на Општина Битола – Бојан Бојкоски и со раководителот на ЛЕР – Венцо Шишкин беше во посета на новата противпожарна станица во АРМ.

ИЗДВОЕНИ