среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Протестите продолжуваат: Блокада на Плетвар со возила и гуми, прекинат сообраќај на...

Протестите продолжуваат: Блокада на Плетвар со возила и гуми, прекинат сообраќај на патот Прилеп – Градско

178

Прекинат е сообраќај на превојот Плетвар, информира денеска АМСМ.

Во информацијата од 12 часот се наведува дека од 11:30ч. започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп – Градско.

-Патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, се наведува во објавата на интернет – страницата на АМСМ.

Се додава дека кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје према Охрид.

-Возилата се пренасочуваат преку регионален пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид према Скопје е слободна за движење. – нагласуваат од АМСМ. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ