петок, февруари 13, 2026
Дома БАЛКАН Протест во Сараево поради трамвајската несреќа во која загина 23-годишен студент

Протест во Сараево поради трамвајската несреќа во која загина 23-годишен студент

118
screenshot vide

Граѓаните на Сараево, претежно студенти и средношколци, денес одржаа двочасовен протест пред Националниот музеј, каде што се случи трамвајска несреќа во која загина студентот Ердоан Моранкиќ, пренесе „Бета“.

Во несреќата се повредени четири лица, од кои едно потешко.

Според сараевските медиуми, на 17-годишна девојка ѝ е ампутирана ногата и сè уште е во критична состојба.

На крајот од митингот, собраните граѓани прашаа – „До кога системот ќе ги убива нашите деца?“

Тие носеа разни транспаренти, од кои на еден пишуваше – „Колку модерни трамваи можат да се купат наместо хеликоптери?“

Како што објавија сараевските медиуми, граѓаните нагласија дека не се чувствуваат безбедно, ниту кога се возат со трамваи, ниту кога излегуваат на улица, ниту кога врне снег.

Тие побараа од Владата на Сараевскиот кантон веднаш да ги повлече од употреба сите стари трамваи.

Собраните најавија дека утре во 15 часот ќе организираат нови протести на истата локација, каде што ќе бараат одговорност за вчерашната трагедија.

Возачот на трамвајот беше уапсен денес.

Владата на Сараевскиот кантон одлучи утре да прогласи Ден на жалост, а медиумите објавија дека таквата одлука е донесена по бројни барања и притисок од јавноста.

ИЗДВОЕНИ