сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Протест “Стоп за Усје”: Економските интереси не смеат да бидат над здравјето...

Протест “Стоп за Усје”: Економските интереси не смеат да бидат над здравјето на луѓето/ФОТО

28

Под мотото „Стоп за Усје“, граѓани денеска излегоа на протестен марш низ центарот на Скопје, барајќи итни мерки за заштита на животната средина и јавното здравје. Со транспаренти „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“ и „Воздухот не е луксуз, тоа е право“, учесниците порачаа дека економските интереси не смеат да бидат над здравјето на луѓето.

Фото: П. Стојановски

Маршот започна напладне пред Владата, продолжи кон Собранието и заврши пред Министерството за животна средина. Организаторите нагласија дека институциите мора да престанат да ги игнорираат проблемите со загадувањето.

На протестот реагираше премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Тетово. Тој истакна дека го почитува правото на протест, но посочи дека актуелната влада работи на санирање на децениската негрижа. „Ние како Влада правиме сè за граѓаните да имаат здрава и чиста животна средина. Тоа што со децении ништо не е направено, немам што да кажам“, рече Мицкоски.

Тој наброја и конкретни мерки што се преземаат, како изградба на когенеративни централи, системи за далечинско греење и одлуки за набавка на електрични автобуси, кои ќе бидат наменети за повеќе градови, не само за Скопје.

 

 

ИЗДВОЕНИ