среда, јануари 28, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Протест на неколку илјади работници во близина на седиштето на Европската комисија

Протест на неколку илјади работници во близина на седиштето на Европската комисија

110

Неколку илјади работници од цела Европа се собраа денеска во Брисел во близина на седиштето на Европската комисија, барајќи гаранции за иднината на индустријата и нивните работни места, жалејќи се дека ситуацијата е сериозна и дека фабриките се затвораат.

Работници од челичната, автомобилската и хемиската индустрија, 3.000 демонстранти според белгиската полиција, се собраа на плоштадот во Брисел на повик на синдикалната конфедерација IndustriALL.

„Време е Европа да се разбуди. Европската индустрија минува низ длабока криза“, изјави генералниот секретар на конфедерацијата, Џидит Киртон-Дарлинг.

Делегација на синдикатите беше примена во текот на денот во Европската комисија, која на 26 февруари ќе го претстави „Пактот за чиста индустрија“.

ИЗДВОЕНИ