Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Шји Џинпинг беа снимени приватно како разговараат за можноста луѓето да живеат најмалку 150 години и тоа на маргините на големата парада на победата во Кина во Пекинг.
Според аудио-снимката снимена на CCTV, двајцата лидери разговарале за можноста за бесмртност преку трансплантација на органи и напредни медицински процедури.
„Во минатото, луѓето ретко живееја до 70 години, но денес на 70 години сè уште си дете“, му рекол Шји на Путин, според рускиот превод, пишува Политико. Преку развојот на биотехнологијата, човечките органи можат континуирано да се трансплантираат и луѓето можат да стануваат сè помлади и помлади, па дури и да постигнат бесмртност“, одговорил Путин, според преводот на мандарински јазик.
„Прогнозите велат дека во овој век постои можност луѓето да живеат до 150 години“, додаде Шји.
Bloomberg caught the moment of discussion between President Xi, Putin, and Kim Jong Un:
President Xi: Earlier, people rarely lived to 70, but these days, at 70 years, you are still a child.
Putin: With the development of biotechnology, human organs can be continuously… pic.twitter.com/bPleqjT8n7
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 3, 2025
Кинескиот претседател во среда во Пекинг беше домаќин на 26 светски лидери, вклучувајќи ги Путин и севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, на голема воена парада по повод 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна и победата на Кина над окупаторските сили. Настанот беше првпат тројцата владетели, Шји, Путин и Ким, да се појават заедно во јавноста.
Кина има долга историја на земање органи од погубени затвореници, што беше официјално забрането во 2015 година. Сепак, ова не ја запре практиката, при што властите се свртија кон таргетирање на малцинствата за органи, вклучувајќи ги и Ујгурите кои се соочуваат со репресија во западниот дел од земјата.
Путин и Шји имаат по 72 години. Минатата година, лондонски „Тајмс“ објави дека претставници на Кремљ им наредиле на научниците да го забрзаат истражувањето за стареењето, со фокус на клеточната дегенерација, когнитивниот пад и зајакнувањето на имунолошкиот систем.