Побели водата во реките Присадска и Оревоечка. Екоактивистите од „Спас за Прилеп“ тврдат дека водата во реките добила млечна боја од мермерната прашина од рудниците за мермер и завршила веднаш над Прилепското Езеро.

Од „Спас за Прилеп“ бараат итна реакција и јасно утврдување кој е надлежен за загадувањето што завршува во прилепското вештачко езеро. Според активистите, ова не е првпат да се забележи вакво загадување. Инцидентот го пријавиле во Општина Прилеп, но надлежниот инспектор за животна средина им одговорил дека Општината не е одговорна за проблемот.

 

ИЗДВОЕНИ