Веднаш по завршувањето на последното коло од алжирското првенство помеѓу новиот шампион Алжер и Магра, неколкумина навивачи паднаа од висина од десет метри, од горната на долната трибина. Според извештаите на локалните медиуми, тројца навивачи загинале како резултат на падот, додека други 70-мина биле повредени и префрлени во три болници. Тоа се случи кога попушти заштитната ограда на горната трибина. Таа се скрши под притисокот од толпата навивачи, кои се туркаа. Натпреварот заврши 0:0, со што Алжер остана прв и математички ја обезбеди титулата, која, за жал, остана во сенка на трагедијата.
- Падот на еден навивач од горната трибина резултираше со смрт на друг навивач, потврдија властите во Алжир пред ситуацијата да се влоши и бројот на жртви да се зголеми.
Сè уште не е познато дали преостанатите 70 лица кои паднаа претрпеле повреди опасни по живот.
The moment fans of MC Alger collapsed while celebrating their team’s Algerian League title.
The tragic accident has resulted in one death and several injuries so far.
Very unfortunate pic.twitter.com/3pL50ytJWq
— 𝐂𝐑𝐈𝐒 (@CR_74_) June 22, 2025