Проширување на фабриката „Баумер“ во ТИРЗ Скопје 1

21

Фабриката „Баумер“ која работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1, покажува позитивни резултати што овозможуваат потенцијално зголемување на производните капацитети и воведување нови технологии со што ќе се отворат и нови работни места. Директорката на фабриката Баумер, Соња Стефановска, му го посочи ова на  директорот на дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски, кој, пак, нагласи дека ја поддржува секоја нова инвестиција која ќе донесе поголем економски пораст за државата и ќе отвори нови работни места.

– Активно работиме за уште поголем развој на постојните компании во рамки на зоните, но и за нови потенцијални инвестиции коишто дополнително ќе влијаат позитивно на националната економија. Оваа Влада, уште од самиот почеток како главни цели ги постави економскиот пoраст, новите инвестиции и новите работни места, а со досегашните резултати по повеќе од една година, верувам дека можеме уште повеќе – рече Димовски.

„Баумер“ е швајцарската компанија која произведува напредна сензорска технологија, енкодери, мерни инструменти од областа на  електрониката.

Компанијата е присутна со 39 подружници низ 19 земји од светот, а во Македонија е присутна од 2019 година, кога официјално го отвори производствениот капацитет во ТИРЗ Скопје 1, каде се наоѓа и истражувачкиот центар во кој работат инженери од областа на електрониката, информатиката и машинската технологија.

ИЗДВОЕНИ