вторник, февруари 3, 2026
Дома СКОПСКА Прошетај куче, биди неговиот Валентајн на еден ден

Прошетај куче, биди неговиот Валентајн на еден ден

47

Јавното претпријатие „Лајка“ ја започнува иницијативата „Биди мојот Валентајн на еден ден“.

– Одбери куче и ќе биде твое цел еден ден. Прошетка, парк, кафе-пауза, или мало честење во локален пет-шоп, изборот е твој, а радоста е нивна – повикуваат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека понекогаш е доволен еден ден љубов за да се промени сè, а можеби токму ти, како што велат, ќе бидеш причината за нивното вдомување.

– Февруари е месецот на љубовта, а кај нас во ЈП „Лајка“ има кучиња на кои таа навистина им е најпотребна, макар и само еден ден. Биди пријател, сопатник и покажи им го светот надвор од кафезите, барем накратко. Нашите кучиња со месеци, а некои и со години, немаат излезено надвор од ѕидовите на прифатилиштето – нагласуваат од претпријатието.

ИЗДВОЕНИ