петок, февруари 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Просечната плата за една година пораснала за 7,6 отсто

Просечната плата за една година пораснала за 7,6 отсто

17

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и била повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: транспорт и складирање за 13,4 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и образование за 9,7 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање за 12,8 %, рударство и вадење камен за 9,0 % и градежништво за 7,0 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во декември 2025 година изнесувала 70.520 денари.

 

 

ИЗДВОЕНИ