Просечната оценка на државната матура 3,69, најголем скок кај математиката

451

Просечна оценка која годинава ја постигнаа матурантите на полагањето на државната матура е 3,69 и е подобра од ланскиот просек кој беше 3,26 и со што сме многу задоволни, изјави денеска Весна Јаневска, министерката за образование. На заедничката прес-конференцијата со директорката на Државниот испитен центар Даниела Михајловска беа соопштени разултати од полагањето на испитите на кои учествуваа 15.004 матуранти.

-Изразувам задоволство од објективноста на процесот и од постигнатите резултати. Ова е разултат на залагањата на наставниците, учениците и родителите. Ова е голем исчекор во однос на претходната година е мошне значајно. Се надевам дека трендот ќе продолжи – потенцира Јаневска.

Таа рече дека просечната оценка која што ја постигнале учениците по предметот мајчин јазик била 3,68, по математика 4,14, по англиски јазик – 3,65, француски – 4,67, германски 4,42, филозофија 3,71…

Според директорката Михајловска покачувањето на просечната оценка се должи на подобри резултати по неколку предмети.

-Во делот на мајчиниот јазик лани просечната оценка беше 3,37 а сега е 3,68, по англиски јазик беше 3,06 а сега е 3,65, француски јазик сега е 4,67 а лани 4,47. Посебно се подобрени резултатите по математика. Лани просечната оценка беше 3,73 а годинава е 4,14. Од 1.239 ученици кои ја полагале математиката 651 ученик добнил петка. Значи, не е толку тешко да се полага математика – потенцира таа.

Според неа, подобрите оценки не се должеле на тоа што имало полесни испитни прашања, туку на тоа што учениците биле подобро подготвени.

Ново полагање на државната матрура ќе се оддржи на 12 и 14 август а пријавени се 1.118 ученици. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ