Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари годинава изнесувала 43.053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен била повисока за 9,6 проценти.
ДЗС појаснува дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности во врска со недвижен имот за 16,6 проценти, преработувачка индустрија за 11,5 проценти и образование за 11,4 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: информации и комуникации за 4 проценти, дејности во врска со недвижен имот за 3,9 проценти и -реработувачка индустрија за 2,5 проценти.
Во февруари годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата изнесувала 64.634 денари.