Согласно со податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија, за 19 септември, просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 96,40 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 81,09 евра/mwh.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 39,49 евра за мегават час, а на MEMO 8,36 евра.
Цената на природниот гас, пак, на унгарската берза CEEGEX изнесува 35,01 евро, додека цена според индексот на холандската берза TTF Dutch е 32,90 евра.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и во светот, важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и за редовно намирување на сметките за електрична енергија, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електричната енергија и на природниот гас, кои ги подготвува аналитичкиот тим на ЕДС, може да помогнат за попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис-планови.












