„Пророкот од Омаха“ се пензионира: Бафет го објави крајот на една ера во Беркшир Хатавеј

196
EPA/LARRY W. SMITH

Ворен Бафет, претседател на одборот на директори (BOD) на американскиот мултинационален конгломерат Беркшир Хатавеј, им порача на акционерите во својата традиционална годишна порака дека ќе „молчи“ откако ќе се пензионира на крајот од оваа година.

Сепак, како што објавува CNN, 95-годишниот Бафет сè уште не го напушта целосно Беркшир Хатавеј, иако повеќе нема да ги координира процедурите за подготовка на редовните годишни извештаи на компанијата.

Бафет ќе продолжи да ја испраќа својата годишна порака за Денот на благодарноста до акционерите до понатамошно известување, најавувајќи дека ќе „зголеми филантропските активности“ и ќе подари дел од акциите во вредност од околу 149 милијарди долари што ги поседува.

Бафет, кој е наречен „Пророкот од Омаха“, стана икона на инвестициското банкарство, милијардер кој го негуваше имиџот на „човек од народот“ преку своите писмени обраќања до акционерите.

Бафет следната година ќе биде заменет од функцијата претседател на „Беркшир Хатавеј“ од Грег Абел (63), сегашен потпретседател за операции кои не се од областа на осигурувањето, објави Си-Ен-Ен.

ИЗДВОЕНИ