Тотенхем ја освои Лигата на Европа и обезбеди пласман во Лигата на шампионите откако во финалето во Европа лига го совлада Манчестер јунајтед со 1:0. Единствениот гол го постигна Брендан Џонсон во 42. Минута, и тоа беше доволно за големо славење.
Екипата на Анге Постекоглу се бранеше во текот на целото второ полувреме, практично целосно повлекувајќи се и зачувувајќи ја предноста. Јунајтед имаше шанси, но не постигна гол. „Петлите“ издржаа сè, вклучително и речиси девет минути во судиското продолжение, и го остварија триумфот.
Ова беше дуел меѓу два тима што имаа лоша сезона. Јунајтед е на 16. место во Премиер лигата, додека Тотенхем е едно место подолу. Овој натпревар беше и дуел за спасување на сезоната. Рубен Аморим и „црвените ѓаволи“ нема да играат на ниту едно европско натпреварување следната сезона, додека Тотенхем ќе биде дел од Лигата на шампионите.
По натпреварот, изјавата на менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, која ја даде пред две години кога пристигна во клубот, на големо се споделува на социјалните мрежи.
- Обично не освојувам трофеи. Но, кога го правам тоа, тоа е во мојата втора сезона – рече Постекоглу во тоа време.
Во својата кариера, тој немаше управувано со големи европски клубови сè до 2021 година, кога го презеде шкотски Селтик. Инаку, тој дојде во Селтик од јапонската лига, каде што успешно ја водеше Јокохама и со неа беше шампион на таа замја.