Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска истакна дека минатата недела добиле известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не поминал.
– Имаше одредена жалба и поплака во однос на изведувачот, единствениот што беше. Според мене, не е суштински проблемот, но како и да е, има известување од Комисијата за жалби. Ова реално ќе ја одолговлечи работата за уште некои два месеци, оти постапката сега ќе трае малку пократко, бидејќи онаа фаза во која го изработувавме тендерот траеше 15-20 дена, а кон таа фаза нема забелешки – рече тој.
Според Љутков, идната недела одново ќе биде објавен тендер за изведувач на Универзална сала и изрази надеж дека до средината на јануари ќе биде избран нов
Пропадна уште еден обид да започне реконструкцијата на Универзална сала. Поништена е постапката за избор на најповолен изведувач.
Иако беше избрана фирмата – најповолен изведувач на реконструкцијата на Универзална сала, а тоа беше проектантското трговско друштво „Универзал Балкан“, вчера Министерството за култура и туризам и лично министерот Зоран Љутков информираа дека не бил склучен договор со оваа фирма, бидејќи се чекала жалбената постапка.
– Во жалбената постапка по одлука на Државната комисија за жалби по јавните набавки, постапката за избор на најповолен понудувач е поништена. Министерството за култура и туризам е во фаза на подготовка на нова постапка за нова јавна набавка – објаснија од Министерството за култура и туризам.
Љутков денеска истакна дека минатата недела добиле известување од Комисијата за жалби дека не поминал тендерот за Универзална сала.
– Имаше одредена жалба и поплака во однос на изведувачот, единствениот што беше. Според мене, не е суштински проблемот, но како и да е, има известување од Комисијата за жалби. Ова реално ќе ја одолговлечи работата за уште некои два месеци, оти постапката сега ќе трае малку пократко, бидејќи онаа фаза во која го изработувавме тендерот траеше 15-20 дена, а кон таа фаза нема забелешки – рече тој.
Според Љутков, идната недела одново ќе биде објавен тендер за изведувач на Универзална сала и изрази надеж дека до средината на јануари ќе биде избран нов.
Пред само нешто повеќе од еден месец, Љутков обелодени дека по повеќе од една деценија застој, Скопје, конечно, ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува и дека таа ќе стане симбол на неговата култура. При тоа, наведе дека е завршена постапката за избор на изведувач и оти е донесена одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за реконструкција на објектот по принципот „клуч на рака“.
Тој тогаш најави дека по завршувањето на законските рокови и по потпишувањето на договорот, ќе започнат градежните активности.
– Особено сум горд што за само една година успеавме да откочиме процес долг една деценија. Преземени се сите потребни мерки: нова проектна документација, измени на постојниот проект и обезбедување предуслови за успешна реализација – истакна Љутков.
Универзална сала е симбол на Скопје, со над 5.000 настани и со над 5.800.000 посетители досега.
Рокот за реализација на реконструкцијата требаше да биде до декември 2027 година и со тоа да биде во функција за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра.
На средината од септември годинава, министерот Љутков го презентираше пред јавноста визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.
– Проектот што беше преземен од Град Скопје е задржан во делот на идејното архитектонско решение. Направени се измени во делот на конструктивните елементи, по насоките дадени при испитувањата што дополнително ги побара Министерството за култура и туризам, а беа неопходни по опожарувањето на објектот – рече Љутков при презентирањето.
Притоа информираше дека е изработена нова просторна акустика со вклучени техничко-технолошки системи „hvac“, сценска техника-механика, ЛЕД-осветлување, аудиовидео и електрични инсталации.
– Предвидени се нови современи материјали во ентериерот и на надворешноста на објектот. Проектот е енергетски ефикасен објект, изработено е современо и интересно партерно и хортикултурно решение – објасни Љутков.
Реконструкцијата на Универзална сала, започна на крајот од март минатата година, во време кога министерка за култура беше Бисера Костадиновска Стојчевска, со замена на старата покривна купола со нова, современа.
– Оваа значајна реконструкција ја обележува првата фаза од проектот за обнова на оваа културна институција, која со децении беше на врвот од мултимедијалната сцена во градот. Со замената на куполата, Универзална сала го подготвува својот нов изглед, подготвена да ги доживее и да ги прослави сите уметнички изрази – најави Костадиновска-Стојчевска тогаш.
Десет дена по поставувањето на новата купола, на 9 април минатата година, Универзална сала беше опожарена. Поранешната градоначалничка на Град Скопје,Данела Арсовска, откако дојде на функцијата, ги стопираше градежните работи, кои почнаа кога беше Петре Шилегов градоначалник. Потоа Министерството за култура го презеде објектот.
Универзална сала не е во функција повеќе од девет години.
(А. П.)












