сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пронајдено опожарено тело при увид по пожар во магацини во круг на...

Пронајдено опожарено тело при увид по пожар во магацини во круг на фабрика во Гази Баба

127

Вчера во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ