Пронајдени телата на татко и ќерка во Италија: Пет германски туристи загинаа во лавина на Алпите, само двјаца преживеаа

56

Пет германски планинари загинаа откако беа погодени од лавина во Јужен Тирол, северна Италија, соопштија спасувачите во неделата.

Три жртви – двајца мажи и една жена – беа пронајдени мртви во саботата, додека телата на уште две исчезнати лица, еден маж и неговата 17-годишна ќерка, беа пронајдени во недела наутро.

– Лавината ги однесе во долниот дел од клисурата каде што се случи несреќата. Спасувачите сега се враќаат во долината поради влошување на временските услови на голема надморска височина – изјави портпаролот на планинската спасувачка служба, Федерико Катанија.

Несреќата се случила околу 16 часот во саботата во близина на врвот Чима Вертана во масивот Орталес, на надморска височина од над 3.500 метри.

Според Индепендент, планинарите патувале во три одделни групи, секоја независно од другата.

Двајца мажи ја преживеале лавината и биле префрлени со хеликоптер во болница во градот Болцано.

Јужен Тирол е популарна дестинација за германските туристи и планинари. Највисокиот врв во регионот е Орталес, кој се издига на 3.905 метри.

Лавините се чест проблем во италијанските Алпи.

Земјата забележа еден од највисоките просечни бројки на смртни случаи во последната деценија меѓу големите скијачки земји, при што жртвите се претежно планинари и екстремни скијачи.

Експертите велат дека бројот на несреќи е во пораст во последните години, веројатно поради тоа што повеќе луѓе се осмелуваат да се движат надвор од скијачките патеки.

ИЗДВОЕНИ