Пронајдени остатоците од патничкиот авион што исчезна над Русија, се урнал кратко пред слетување

341
Фото: google maps

Рускиот патнички авион АН-24 што исчезна во Амурската област е пронајден, јавуваат руските медиуми.

„Во тек е првична инспекција“, соопшти центарот за цивилна заштита и противпожарна безбедност.

Засега не се познати повеќе информации.

Авионот е во сопственост на авиокомпанијата „Ангара ерлајнс“, а во него имало 49 лица, вклучувајќи шест членови на екипажот и пет деца, јави ТАСС.

Гувернерот на Амурската област претходно изјави дека во потрагата по исчезнатиот авион Ан-24 се користат сите потребни сили и ресурси, објави РИА Новости. Според првичните информации, авионот немал пријавени технички проблеми пред да го изгуби контактот.

Според информациите од порталот SHOT, авионот управуван од авиокомпанијата Angara бил на лет до градот Тинда, во регионот Амур на крајниот исток на Русија, по должината на границата со Кина.

Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред неговата дестинација.

ИЗДВОЕНИ