По пријава на 112 во Центарот за управување со кризи, од страна на Дирекцијата за заштита и спасување е отстрането неексплодирано убојно средство – арилериска граната од 65милиметри од Првата светска војна од брегот на Преспанското езеро на плажата „Сливница“ во Општина Ресен.

Станува збор за граната која што била истрелана и веќе поминала низ топовска цевка што се препознава по нејзиниот ребраст прстен, но поради непознати причини после истрелувањето не ја завршила целта, не експлодирала.

– Истата е ризична за поместување, а нејзината запалка е опасна, бидејќи при удар е можно да дојде до нејзино активирање. По претходно внимателно испитување на нејзината состојба, таа е безбедно подигната, и од пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, Ѓорги Стефанов, е отстранета и пренесена безбедно до соодветен магацин – велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Оттаму апелираат до граѓаните кога ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112, по што надлежните институции и служби ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани.

ИЗДВОЕНИ