Пронајден е дел од украдениот накит од музејот „Лувр“, веројатно им паднал на крадците во текот на грабежот

60

Француската министерка за култура Рашида Дати изјави дека еден од украдените парчиња накит е пронајден, објави „Би-би-си“.

Парчето е пронајдено во близина на местото на грабежот, очигледно откако паднало, објави медиумот.

Дати наводно рекла дека „неговата состојба се проценува“. Сè уште не е официјално потврдено за што точно станува збор.

Опишувајќи ги крадците, министерката рече дека тие „дејствувале професионално, без насилство и без паника“.

Галеријата „Аполо“ на музејот „Лувр“ беше ограбена денес, и како што претходно изјавија службениците, беа украдени девет парчиња накит. Во оваа галерија се чува непроценлив накит од кралски семејства и ретки дијаманти.

ИЗДВОЕНИ