Пронајден е 24-годишниот возач кој во Охрид удри пешак и избега

103

МВР информира дека синоќа 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патничко возило удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштило местото.

Пешакот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксваген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид.

По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот.

По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ