„А1 Македонија“ започна со иновативната платформа за едукација „А1 школа за одговорни инфлуенсери“, за промовирање на одговорното онлајн однесување. Ова уникатно онлајн училиште е креирано со цел да ги унапреди знаењата и вештините на инфлуенсерите, креаторите на содржини и на сите активни учесници на социјалните мрежи во поглед на етичкото и одговорно користење на дигиталните платформи. Иницијативата е насочена кон поддршка на сите што активно го обликуваат дигиталниот простор и влијаат врз современите трендови, поттикнувајќи ги да се грижат за позитивниот и одговорен развој на онлајн заедниците.

А1 школата за одговорни инфлуенсери нуди содржини што ја обработуваат важноста на одговорното однесување во дигиталниот свет. Курсевите ги опфаќаат темите како препознавање на несоодветните содржини, справување со онлајн булингот и изградба на позитивни онлајн перцепции.

– Како компанија што вложува во општествената одговорност, се гордееме што го отвораме овој дијалог и им даваме активна поддршка на оние што избираат да бидат влијателни на вистинскиот начин. Со оваа платформа ја нагласуваме важната улога на инфлуенсерите во создавањето здраво и безбедно дигитално окружување – изјави Бранкица Толевска од „А1 Македонија“.

Школата за одговорни инфлуенсери нуди пет обемни модули за едукација на инфлуенсерите со цел одговорно креирање и споделување содржини. Овие модули ќе ги водат учесниците низ различни аспекти на дигиталната етика и медиумската писменост, под водство на петмина врвни експерти во својата област. Публиката има можност да се запознае со значајни теми како што се: разбирањето на медиумите од страна на децата и улогата на инфлуенсерите во нивниот развој; влијанието на дигиталниот маркетинг врз младите и пошироката публика; како влијаат медиумите врз децата и младите; дигиталната добросостојба и создавањето позитивни онлајн содржини; како да реагираме кога ќе ни се довери дете што е жртва на злоупотреба на Интернет.

ИЗДВОЕНИ