сабота, јануари 31, 2026
Дома КУЛТУРА Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски

Промоција на поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски

47

Во новиот Лабораториум (12 Македонска Ударна Бригада бр. 2а, на паркингот позади старата Градска болница – некогашен Јукан), вечерва (15 декември), со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Ситна боранија“, од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш.

Авторот, воедно, прославува и двоен јубилеј: триесет години творештво и дваесетта книга поезија.

Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

ИЗДВОЕНИ