„Од личност до маска – за новата нормалност“ е првата книга на Влатко Деловски, чија промоција ќе се одржи во книжарницата „Или-или“, на 10 јули со почеток во 19:00 часот и ќе биде проследена со настап на „Второ колено“.

На промоцијата ќе зборува  проф. д-р Дејан Донев, а љубителите на книгата ќе уживаат и во свежите музички креации на „captatio benevolentiae“ со „Второ  колено“ – Дејан Петровиќ-Чапс вокал и гитара и Пеце Трајковски-Брада на перкусии и хармоника.

Авторот ги поканува, како што вели, љубителите на филозофијата, есеистиката, личности и маски, на спонтано дружење „по горештините“, да ја претстави својата непретенциозна книга и да уживаат заедно во убавата мисла.

Влатко Деловски од Градежниот факултет заминал да студира на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, каде што дипломирал, подоцна магистрирајќи на Институтот за македонска литература во Скопје на тема „Културолошки параметри во првата канонизација на светители за МПЦ-ОА“. Во моментов е на докторски студии на ИМЛ при УКИМ. Директор е на НУМ „Смилевски конгрес“ – Смилево, но работи и како консултант – надворешен научен соработник при Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“.

ИЗДВОЕНИ