Институтот за македонска литература на 20 мај во 19 часот во Јуроп хаус – Скопје организира промоција на две изданија. Станува збор за часописот „Европа: по рутата на Кирил и Методиј“ – туристичка публикација во издание на Look at it.cz од Чешка и на преводот на македонски јазик – романот „На убавата сина Джевнице“ од чешкиот писател Антонин Бајаја во издание на „Перун Артис“ од Битола. На настанот ќе присуствуваат бројни гости од Чешка и Словачка, како составен дел на асоцијацијата Европската рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа.

На 21 мај со почеток во 10 часот, пак, во „Порта Македонија“, Институтот за македонска литература организира Генерална асамблеја на асоцијацијата Европската рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа, во која членува и Македонија, на која поздравно обраќање ќе има министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Министерството за култура и туризам е носител на Програмата за Културните рути при Советот на Европа.

ИЗДВОЕНИ