Вечерва 1. јули во Бифе Тафталиџе со почеток во 20:30 ќе се одржи слушачка промоција на албумот „Јоруклук“ на Елена Христова, на која ќе бидат презентирани и цд и винил изданието, а премиерно ќе биде пуштен и видео запис за песната која го отвора албумот.
Елена Христова која е позната како фронтмен на групата Баклава, го промовира својот прв комплетно авторски албум наречен „Јоруклук“.
Тој е инспириран од нејзините долгогодишни антрополошки истражувања на Јуруците од Македонија.
На промоцијата, Елена за првпат ќе ја раскаже приказната за неговото создавање.