четврток, февруари 26, 2026
Дома КУЛТУРА Промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во...

Промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ во Кинотека

18

Во Кинотеката на Македонија, на 27 февруари, со почеток вод 19:00 часот, ќе се одржи промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“.

Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ е обемно издание што има цел да ја претстави и архивира визуелната историја на македонскиот филм низ плакатот како медиум на комуникација и уметнички израз.

– Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнати плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика – истакнуваат од Кинотеката.

Промотори на изданието се д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието. Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.

ИЗДВОЕНИ