Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, инфомираат од УХМР.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.
Минималната темпрература ќе се движи во интервал од 9 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Минималната темепература ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне 12 степени Целзиусови.
Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец.












