Денеска, сабота, на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринските температури се движат меѓу 5 и 13 степени, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 13 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 24 степени.