Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурата наутро ќе биде од 9 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот од 23 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 до 33 степени.
За утре се најавува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.