петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

26

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре ќе преовладува претежно стабилно и потопло време, освен во среда, кога ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд и грмежи

ИЗДВОЕНИ